
Франција и Германија потпишаа во четвртокот договор во износ од 150 милиони евра за развој на прототип на нова генерација борбен авион, проект кој се смета многу важен за Европската унија за да може самата да се брани а притоа да не се потпира на сојузниците во НАТО.
Корпорациите „Dassault Aviation“ и „Airbus“ заедно ќе развиваат авион кој би требало да биде оперативен во 2040 година, и со време да ги замени францускиот „Rafale“ и германскиот „Eurofighter“.
„Станува збор за многу амбициозен проект на Франција, Германија и Шпанија која се приклучи“, рече француската министерка за одбрана и вооружени сили Флоренс Парли за новинарите по свеченото потпишување на договорот со колегите од споменатите две земји.
„Ќе им овозможи на нашите земји да се соочат со заканите и предизвиците во втората половина од XXI век… и ја илустрира нашата волја и амбиција за европска одбрана“, додаде Парли.
Германскиот парламетн го добри финансирањето на овој проект минатата седмица. Шпанија учествува во иницијалната фаза, а формално ќе му се приклучи на проектот подоцна годинава и ќе вложи околу 50 милиони евра.
За развојот на авионот ќе бидат потребни околу 4 милијарди евра додека не биде довршен прототипот во 2026 година. Производството би требало да започне во 2040 година.
Компаниите „Dassault“ и „Airbus“ ќе го изградат авионот, а „Safran“ и „MTU Aero Engines“ ќе работата на развој на моторот, „Airbus“ и MBDA ќе работат на дроновои кои ќе го следата авионот, а исто така „Airbus“ и „Thales SA“ се задолжени за дигиталните аспекти на проектот.
На овој проект ќе му конкурира Велика Британија, којашто во 2018 започна со свои планови за развој на нов борбена аивон од типот „Tempest“. Франциски функционери велат дека се надеваат оти двата проекта на крајот ќе се обединат.