7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

Што треба да содржи апликацијата по која МВР со стручна комисија ќе одлучува кој ќе добие итна патна исправа

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев формирана е Комисија која поради ограничениот број обрасци на патни исправи, по утврдени критериуми одлучува кои барања на граѓани се итни и неодложни да бидат процесуирани во итна постапка со цел издавање на патни исправи.

Имајќи го во предвид наведеново, ги известуваме граѓаните дека барањата за издавање на патни исправи, поткрепени со соодветна документација, треба да бидат доставени до подрачните единици на Одделот за граѓански работи, со назнака дека се работи за итни барања за патни исправи кои се во надлежност на комисијата.

Барањата неопходно е да содржат телефонски број на лицето-подносител. Воедно ја информираме јавноста дека на 19.02.2020 година, Комисијата го одржа првиот состанок на кој беа разгледани вкупно 77 барања од граѓани.