Во Иран осум жртви и 43 заразени со коронавирусот

Во Иран се потврдени петнаесет нови случаи на зараза со новиот сој на коронаворусот Covid-19, па сега има влупно 43 инфицирани лица а осум починати, пренесува во неделата Reuters додавајќи дека повеќето заразени живеат во светиот шиитски град Ком.

„Вирусот во Коm дошол од Кина. Трговец од Ком, кој почина од вирусот, редовно патувал во Кина. Летовите меѓу двете земји беа суспендирани, но тој патувал со прелетувања преку други земји“, изјавил иранскиот министер за здравство Саид Намаки.

Ширењето на коронавирусот во Иран поттикнало во неделата повеќе соседи држави да воведат заштитни мерки.

Турција ја затвори границата со Иран и ги запре летовите од оваа земја, за да го спречи ширењето на коронавирусот, изјави во неделата турскиот министере за здравство Фахретин Коча. Железничкиот и патниот сообраќај со Иран се прекинати од 15 часот по средноеврпски време, а забрането е и слетувањето авиони од Иран, а воздушниот сообраќај од Турција кон Иран е редовен, додаде министерот.

Авганистанската влада „привремено забрани“ патувања во Иран и обратно од оваа земја во Авганистан, соопшти во недерлата Советот за национална безбедност, пренесува AFP.

„Одлуката за привремената забрана во и од Иран, по копно и воздух, ја донесовме за да го запреме ширењето на коронавирусотво Авганистан“, каде што засега не е откриен ниеден случај на болеста, ддоава Советот во соопштение во објавено по веста за трите нови смртни случаи во Иран.

Пакистан во неделата извести дека ја затвора границата со Иран, поради стравот од коронавирусот. „Ја затворивме границата кон Иран поради информациите за случаите на коронавирус во таа земја“, изјави претставник на властите во југозападната покраина Балуичистан, покрај иранската граница.

Кувајт, исто така, во неделата го забрани впловувањето на сите бродови од Иран до објавување „поинаква облука“, поради коронавирусот, известуја пристаништите власти од оваа земја во Перисискиот залив. „Одлуката е дел од мерките за сузбивање на ширењето на вирусот во нашата земја“, изјави првиот човек на кувајтските пристанишни власти, Јусеф Абдула, пренесе државната новинска агенција KUNA. Кувајт претходно ги евакуираше своите држави од Иран.

Ирак уште во четвртокот објави дека го забранува влегувањето во земјата на патнциите од Иран поради страв од ширењто на коронаворисот, пренесе агенцијата DPA.