Девојче тешко повредено во сообраќајка во Штип

Сообраќајна несреќа во која повредено е малолетничка се случила вчера во 17,20 часот во штипското село Стар Караорман.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Цитроен берлинго“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М.(69) од Штип и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 15 годишна малолетничка од с.Таринци, општина Карбинци.

-Во незгодата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Штип.