
„Почитувани, СДСМ во паника од поразот на 12 април спроведува партизација во образованието спротивно на законите. Во ООУ „Блаже Конески“ во Прилеп директорите на градскиот „дедо“ не ги почитуваат законите, донесени од нивниот Министер за образование и наука.
Партиските војници треба да се средат пред очигледниот пораз на претстојните избори, па Директорот на ова училиште, спротивно од член 10, став 3, од ЗНСС, како што утврдил и просветниот инспектор, за работно место Наставник по македонски јазик избира кандидат со понизок успех на додипломските студии. Како тој прекршок да е мал, самоволието на Директорот продолжува и по истекот на рокот за постапување, даден од ДПИ – одлуката на Директорот не е променета. Крајно време е законот да почне да важи за СДСМ и да има одговорност!“, напишаа на Фејсбук од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.