
Проектот што го спроведува Здружението на жени менаџери „Елит“ има за цел да се создаде база на податоци за застапеност на жените на раководни позиции во компаниите
Со цел да се создаде база на податоци за застапеност на жените на раководни позиции во компаниите Здружението на жени менаџери „Елит“ го спроведува проектот „Платформа – жени на одлучувачки позиции“, кој е кофинансиран од Министерството за економија на РСМ.
Во рамките на проектот, преку анкетни прашалници се истражува и се анализира застапеноста на жените во управувачките структури и на менаџерски позиции во компаниите. Врз основа на резултатите од анализата следуваат препораки за зголемено учество на жените во процесот на донесување одлуки и нивната застапеност во управувачките структури во компаниите.
Од податоците добиени од истражувањето ќе биде креирана првата стартер база, односно, платформа за управувачката структура во компаниите и застапеноста на жените на одлучувачки позиции. Платформата ќе биде јавна и достапна на веб страницата на здружението.
Цели на проектот:
– Подигнување на јавната свест за економските придобивки на општеството за рамноправното учество на жените на одлучувачките позиции, со што се зголемува конкуретноста на компаниите и социјалната правда
– Идентификување и анализирање состојбата во компаниите во однос на вклученоста на жените во управувачките и менаџерските структури.
– Креирање на првата стартер база на податоци за жените на раководни позиции во компаниите која ќе претставува алатка за вмрежување на жените претприемачки
– Развивање модел со препораки за вклучување на жените во процесот на донесување одлуки, нивната застапеност во управувачките и менаџерските структури на претпријатијата, како и поттикнување на женското претприемништво
На крајот ќе биде организирана завршна тркалезна маса за реализацијата на проектот на 3 март со почеток во 11 часот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.