
Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на коронавирусот, јавија државните медиуми.
Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.
Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за тоа што странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата дошле за некаква работа.
Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.