За Европа ризикот од коронавирусот „низок до умерен“

Residents in queue in fron of Penny supermarket of Casalpusterlengo, one the northern Italian towns placed under lockdown due to the new coronavirus outbreak, 23 February 2020. Two deaths from the new coronavirus sparked fears throughout northern Italy on Saturday, as about 50,000 people were poised for a weeks-long lockdown imposed by authorities trying to halt a further increase in infections. Italy on Friday became the first country in Europe to report the death of one of its own nationals from the virus, triggering travel restrictions on about a dozen towns where the number of people contaminated has continued to rise. ANSA / PAOLO SALMOIRAGO

Европскиот центар за контрола и превенцијата на болестите (ECDC) по брзото ширење на новиот сој коронаворус Covid-19 во Италија каде починаа веќе четири лица, оцени дека на подрачјето на континтетот ризикор од зараза е „низок до умерен“.

Веројатноста за натамошно ширење на вирусот на подрачјето на Европската унија, еврозината и Велика Британија е низок, меѓутоа ширењето не може да се исклучи поради многуте нестабилни фактори, објавијата од ECDC во својата процена на ризикот, објавена во неделната доцна ноќта.

Поради присутноста на коронавирусот во неколку земји надвор од Европа сега се поголеми можностите дека патниците од другите земји, освен од Кина, ќе го донесат вирусот на континентот, наведуваат од ECDC, европската агенција чие седиште е во Солна, крај Стокхолм. Директорката на Центарот, Андреа Амон, вели дека следните денови се очекуваат уште случаи на коронавирус во Италија, и можно во други делови од ЕУ.

Бројот на заразените лица во Италија остро се зголеми во текот на викендот и според последните податоци од понеделникот утрото се искачил на 165 луѓе, а починале четири лица. Најголем дел од заразените се во регионите Ломбардија – 112 и Венето – 22 во кои живеат 10 односно 5 милиони луше и силни индистриски центри, пренесе агенцијата Ansa. Во Ломбардија починаа три а во Венето едно лице.

Сите починати лица, две жени и двајца мажи, се повозрасни лица. Прв почина 78-годишен маж од околината на Падова на 21-ви февруари, пота 77-годишна жена е најдена мртва во својот дом на 22-ри февруари во Казалпистерленг. Трерата жртва беше жена болна од рак хоспитализирана во болница во Крема, а четвртата жртва е 84-годишен маж кој починал во болница во Бергамо во неделата ноќта.

Здравствените власти сѐ уште трагат по нултиот пациент кој го донел вирусот на северот од Италија и го пренел на првиот познат пациент, 38-годишен маж кој е хоспитализиран.

Во Италија на сила се воведуваат сѐ повеќе мерки за ограничување на вирусот. Шефот на службата за цивилна заштита Анџело Борели изјави дека вкупно 24 од заразените се во критична состојба и сите се на одделенијата за интензивна нега. Додаде дека доколку се јават нови потреби од карантин ќе се активираат околу 5.000 места во касарните, а според потребите ќе се ангажираат и хотелски капацитети на северот од Италија.

Премиерот Џузепе Конте ја исклучи уште во саботата можноста за враќање на граничните контроли кон соседните европски земји.

Во Ломбардија не се одржува настава, затворени се музеите, не се одржуваат литургии по црквите. Туристите не можат да ја посетата и славната катедрала во Милано, а оперската куќа Ла Скала ги откажа претставите. Нема во Милано ниту ноќен живот по 18 часот и не работат ниту ноќните барови и дискотеките, како ниту салите за вежбање. Во Милано во понеделникот утрото е видена ретка глетка: попупразни средства на јавниот сообраќај, пишува Ansa.

Во Милано, каде што во тек е модната седмица, дел од ревиите, како инаа на Џорџо Армани, се одржани во неделата без поблика со видео преност. Кинопретставите се откажани, затрворени се баровите и клубовите, а работат уште само рестораните.

Во некои делови од италијанскиот север универзитетот ја откажаа наставата. Властите ги повикаа компаниите да ја организираат работата на вработените од дома. Северот на земјата е ставен под своевиден карантин за да се забави напредувањето на коронавирусот.

Десет населени места во Ломбардија и едно во Венето, во коишто живеат околи 50.000 жители, полицијата овој викенд ги опфати со мерки за изолација кои вклучуваат пполициски контролни пунктови, вкупно 43, за да се контролира влегување и излегување на жителите. За оние кои ги прекршуваат мерките за изолација предвидена е казна до три месеца затвор и парична казна до 200 евра.

Продавниците во двете најппогодени региони и натаму се отворени, а жителите од изолираните населени места се жалат на дедостиг од одредени продукти, и пренесуваат дека одреден број купувачи се пуштаат во супермаркетите кои се отвораат на неколку часа. По 18 часот не работата кафулињата и ноќните клубови. Овие мерки на сила ќе бидат до 1-ви март.

„Доколку ситуацијата се влоши би можело да се преземат и подрастични и посилни мерки“, вели гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, според примерот на оние кои во Кина се усвоени за градот Вухан, епицентарот на епидемијата.

Челникот на Венето, Лука Заија, потпиша уредба за забрана за одржување јавни настани и настава, и затворање на музеите до 1-ви март. Венецијанскиот карневал на полноќ кон понеделникот објави дека запира со настаните. „Тоа е најсериозната работа којашто некогаш сум ја преземал. Ги молиме граѓаните за разбирање“, изјави Заија.

Слични мерки се воведени во Пиемнот, Фуралнија Јулијска краина, Трентино Алто Адиџе, каде што регистрирани првите три позитивни сличаи, и во Лигурија. Во регионот Емилио Ромања има девет заразени. Трст остана без ноќен живот, карневалот, затворени се училиштата и музеите.

Во Фурланија Јулиска краина, со одлуката на гувернерот на оваа покраина Масимилиано Федрига, и министерот за здравје Робер Сперанца, од понеделник до 1-ви март се затворени сите училишта и универзитети, откажани се сите јавно манифестации на отворен и на затворен простор, како и спортски и верски настани, а затворени се и ноќните клубови. Со одлуката на кризниот штаб затворени се и музеите. Во овој регион нема регистиран случај на инфекција со коронавирусот, а 20 сомнителни случаи се ставени под постојан медицински надзор. Доколку има потреба од изолација, одредени се два центра во близина на Трст и на Удина. Локалните власти планираат и дневна дезинфекција на средствата за јавен транспорт. Општината Трст ја откажа наставата до 1-ви март, како и сите настани на отворено и затворено, рекрерациските, спортските и верските. Во градот нема ноќен живот, затворени се музеите и библиотеките, а откажана е и карневалската поворка закажана за вторник 25-ти февруари.