Турција во карантин стави 132 патници и екипаж од авион од Иран

Турските власти ставија во каранти 132 патници и членови на екипажпот на авион на воздухопловната компанија „ Turkish Airlines“ кој долетал од Иран, поради сомневање дека некои од нив би можело да бидат носители

Турското министерство за здравство во соопштението наведува дека за сите лица од авионот е одреден карантин во текот на следните 14 дена, во специјално подготвена за овој случај болница во Анкара. Летот од Техеран во вторникот бил специјално наменет за враќање на Турците од Иран, наведе министерството за здравство.

Според новинската агенција Anadolu, 17 патници од споменатиот лет претставуваат „сомнителни случаи“ поради зголемена телесна температура. Авионот слетал во Анкра кон средината на денот и првите примероци од патниците се земени веднаш во авионот.

Во неделата Турција објави привремено затворање на својата копнена граница со Иран каде што последните денови постојано се зголемува бројот инфицирани со Covid-19.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот турски власт преземаа многу остри мерки во обидот да се избегне епидемијата, од откажување на летови до поставување на термовизиски камери во Истанбул. Министерството за здравство исткна во вторникот дека засега не е потврден ниедне случај на заболување од коронавирусот во Турција.