
Климатската активистка Грета Тунберг и нобеловката Малала Јусафзаи се сретнаа на Универзитетот Оксфорд во Велика Британија. Разговараа за својот активизам меѓу себе, но и со другите студенти.
Јусафзаи на Оксфорд студира филозофија, политика и економија.
„Таа (Грета) е единствена пријателка поради која би прескокнала настава”, напиша Јусафзаи на Твитер. Тунберг пак, во својата објава како одговор на тоа, ја нарече – пример за самата себе.
Малала Јусафзаи е од Пакистан и, 2014 година, на свои 16 години, стана најмлада добитничка на Нобелова награда за мир. Позната е по своите заложби за правата на жените и правото на образование. Пред осум години, талибанци се обидоа да ја убијат, но беше спасена со операција.