
По најавите дека кабелските операторите ќе го прекинат реемитувањето на македонските телеизиски канали (со исклучок на МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал) откако со измените на Законот за аудиовизуелни услуги се обврзани да гарантираат за авторските права на програмите што ги реемитуваат, директорите на националните телевизии со поддршка за законот.
Од Македонската медиумска асоцијација (ММА) велат дека еднаш засекогаш треба да се уреди сферата на авторките права и тоа треба да важи за сите.
Атанас Кировски од Телма истакна дека е негативно изненаден од ниската општествена одговорност на кабелските оператори.
„Најважно е да се почитуваат правата на авторите. Најавата на кабелските оператори е апсурдна. Ние гарантираме за авторските права 24/7 и гарантираме дека на нашите телевизии не се појавува пиратерија. Ова е хир на кабелските оператори. Велат законот бил донесен брзо и нетранспарентно, што не е точно. Тој е донесен во декември 2018 година. Операторите се пожалија дека им преба време за негова имплементација. Имаа една година да се подготват. Телевизиите го почитуваат законот и како приватни фирми свесни сме за нашата општествена одгворност, за што кабловските оператори не се. Нивните закани се крајно непринципиелни“, рече Кировски.
„Во време кога Владата апелира бесплатно да емитуваме информативни спотови за заштита од коронавирусот, кога сме во очекување да ги почнеме преговорите со ЕУ и кога треба да известуваме за изборните резултати, тие сакаат населението да го стават во информативен мрак. И сето тоа само затоа што од нив е побарано да престанат да крадат авторски права и да ја регулираат нелојалната конкуренција“, истакна Кировски, кој побара оставка од директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски
Операторите денеска се повикани кај Спасовски на итен состанок за наоѓање решение со коешто би се избегнал медиумскиот мрак.
Со усвојување на измените во законот пред распуштањето на Собранието, на операторите им се наметнува одредба со која што треба да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност. Од друга страна, ваква пракса не постои во земјите во ЕУ, да се бара ваква одговорност, бидејќи се работи за приватен договори меѓу операторите и телевизиите.
Досегашната пракса со барање да се затемни нечија програма во периоди кога се емитува програма за која имаме локален носител на правата, според експерти, е доволна.
Телевизиите сметаат дека дека кабелските оператори треба да бараат потврда од сите канали кои ги реемитуваат за тоа дека ги регулирале правата за Македонија, да ги уредат односите со странските канали и секој вид на содржина за која немаат авторско право во Македонија да биде затемнета или да не се емитува.
Од националните телевизиите потенцираат дека проблемот со авторските и принципот на територијално регулирање на правата е најважен. Односно, можноста да се забрани пристап до содржини и од друг субјект освен носителот на правата или авторот, во случај кога авторските права за Македонија не се купени од никого.