Момче загина во сообраќајка во Арачиново

Едно лице загина, а друго е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13 часот во скопско Арачиново меѓу автомобил „Aуди а4“ управуван од М.С.(43) од Арачиново и мотоцикл „Jамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Х.Б.(22) од с.Арачиново.

-Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде починал. Сопатникот на мотоциклот, А.С.(26) од с.Арачиново, исто така,  се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.