
Првиот случај на зараза со новиот сој коронавирус Covid-19 е потврден во средата во Финска, кај лице кое се вратило од Милано, соопшти финскиот Национален институт за здравствено и социјално осигурување (THL).
„Кај едно лице во медицинскиот округ Хелсинки и Усимаа (регионот на финската престолнина) е откриена зараза со коронавирус, која е потврдена со лабораториски тестови. Инфекцијата се случила во Милано, на северот од Италија. Пациентот се наоѓа на лекување во Универзитетската болница во Хелсинки и е во добра состојба“, се вели во соопштението.
Финските медиуми додаваат дека станува збор за жена, државјанка на Финска, на средба возраст, која самата се пријавила во здавствена установа откако не се чувстувала добро, по престојот во северна Италија.
Бројот на жртвите од коронавирусот во Италија во средата се искачи на 12, а од почетокот на епидемијата регистрирани се 374 случаи на инфекција, соопшти на прес-конференција во Рим шефот на италијанската служба за цивилна заштита, Анџело Борели.