Откриена првата егзопланета погодна за живот

Астрономите ги анализирале сите достапни параметри од егзопланетата K2-18b и дошле до заклучокот дека на неа може да владеат услови за постоење одредена форма на живот на копното, се истакнува во студијата објавена во научното списание Astrophysical Journal Letters.

Планетата K2-18b беше откриена во 2015 година во орбитата на ѕвездата од типот црвени џуџиња K2-18 во соѕвездието Лав, на оддалеченост од 124 светлосни години од Земјата. Нејзиниот радиус е за 2,6 пати поголем од Земјата, а според масата е поголема за 8,6 пати. Во текот на минатата 2019 година анализите на подотоците добиени преку вселенските телескопи „Кеплер“, „Спитцер“ и „Хабл“ покажаа дека во атмосферата на планетата има доволно многу водена пареа. Со тоа K2-18b е првата егзопланета со водена атмосфера, откриена во зоната која може да се населува, а исто така е и првата на којашто теоретски може да постои живот на копното.

За да се процени веројатноста за ваквото сценарио, научниците од британскиот универзитет Кембриџ извеле дигитална симулација заснована на набљудувањата во атмосферата и податоците за масата и радиусот на егзопланетата K2-18b. Како резултат на тоа, откриле дека на нејзината површина може да има вода во течна агрегатна состојба, како и дека температурата и составот на атмосферата збогатена со водород создаваат услови за постоење одреден облик на живот.

„Водената пареа беше откриена во атмосферите на редица егзопланети, но дури и доколку планетата се наоѓа во прифатливата зона (за постоење живот инаселување – з.р.), тоа не мора да значи дека на површината постојата соодветни услови за живот. За да се утврдат перспективите за живот, важно е да се добие единствено сфаќање на внатрешните и атмосферските услови на планетата, особено дали на површината може да постојат истечни води“, вели во соопштението на универзитетот водителот на истражувањето, Нику Мадхусухан.

Имајќи ја предвид големината на K2-18b, се препоставуваше дека планетата ќе личи попрво на намалена верзија на Нептун отколку на зголемена на Земјата. Научниците веруваа дека под густата облачеста водородна атмосфера на овој мини-Нептун, ќе има слој вода под висок притисок, а уште пониско јадро кои се состои од камења и железо. Доколку водородната обвивка се покаже многу погуста, температурата и притисокот на површната на водата ќе бидеат превисоки за одржување на некаква форма на живот.

Авторите на студијата ги корситече својствата на атмосферата како гранични услови за создавањер широт спектар модели кои може да ги објаснат податоците добиени од набљудувањето. Така, тие го пресметале опсегот на параметрите кои се многу важни за процената за можноста за ќивот, како што е заситеноста на атмосферата со вододорот, нејзината темепратура и пртитосокот во водениот слој. Се покажало дека и покрај големината на K2-18b, нејзината водородна обвивка не мора да биде многу густа, така што водениот слој може да биде погоден за одржување на живот.

Истражувачите потврдиле дека атмосферата на егзопланетата е богата со водород и содржи значително количество водена пареа. Истовремено, новото на метан и амонијак е пониско од очекуванот за ваквот состова и атмосферски притисок. Авторите на студијата не се сигурни дека овој факт може недвосмислено да зе поврзе со биолошките процеси кои се одвиваат на K2-18b. Според податоците од моделирањата, атмосферата не изнесува повеќе од 6 отсто од вкушната маса на планетата, а најверојатно и многу помалку. Минималната содржина на водород во не може да се спушти до милионити дел од процент, што е слично со содржината во атмосферата на Земјата. Покрај тоа, температурите и притисокот на површината на водниот океан кој ја прекирва K2-18b, може да биде многу сличен на земјенииот.

Овие резултати отвораа нови можности за астрономите во трагањето по светови кои потенцијално може да се населат меѓу значителната голема група егзопланета, многу поголеми од Земјата, но помали од Нептун.

Авторите, исто така, очекуваат дека параметрите на атмосферата што ги добиле ќе бидат прецизирани со помош на следните набљѕсѕвања, а особено преку вселенескиот телескоп „Џејмс Веб“, на кој се инсталирани инструменти со кои може да се утврди составот на атмосферите на егзопланетите. Оваа меѓупланетарна опсерваторија треба да започне со работи во текот на 2021 година.