Најнови информации за коронавирусот во Македонија: Возачот на комбето однесен во болница

Mинистерот за здравство, Венко Филипче попладнево на прес-конференција изјави дека пациентот за кој зборуваше утрово има негативни резулати.

Вели дека жената која е задржана на Инфективната клиника е во добра состојба.

Возачот кој бил во комбето со жената се пожалил на кашлица и е однесен во болницата во Струмица. Во следните часови ќе има резултати и за него. 

Ќе се откажат Струмичкиот и карневалот во Прилеп.

„На тие настани очекуваме да има многу луѓе од северна Италија“, рече министерот.