
Снег со слаб интензитет врне во Ресен и на планинскиот премин Стража.
Сообраќајот на државните патишта, како што информираат од ЈП Македонијапат, се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.