Две тинејџерки и маж каснати од кучиња во Скопје

На 28.02.2020 во 14:50 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.“Максим Горки“ во централното градско подрачје А.А.(19) и 17-годишна малолетничка од Скопје биле каснати од куче скитник во пределот на нозете.

На 28.02.2020 во 18:25 часот во Полициската станица Аеродром П.С.(44) од Скопје пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.