
Рано утрото во саботата млад кумановец го загуби животот откако со автомобилот со кој се превезувале со врсник излетале од коловозот и удриле во бетонски столб,
На 29.02.2020 во 06:30 часот било пријавено дека во Куманово на улицата „Октомвриска револуција“, патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски столб.
Во возилото биле Д.В. и М.С. и двајцата на 21 година и двајцата од Куманово, кои се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени во Општата болница Куманово, каде што од страна на лекар кај М.С. констатирана била смрт, а Д.В. бил префрлен во Комплексот клиники„“Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово