САД и талибаните потпишаа договор за постепено повлекување на странските сили

САД и претставниците на радикалнот авганистанско исламистичко движење Талибан во саботата потпишаа историски договор од кој се очекува да го отвори патот за целосно повлекување на странскиет сили од Авганистан во следниет 14 месеци и завршување на војната која трае веќе 18 години.

Според договорот потпишан во катарската престолнина Доха, каде што повеќе од една година се водеа американско-талибанските мировни преговори во повеќе фази, талибаните бараат ислободување на 5.000 нивни борци од авганистансктите затвори, меѓутоа засега не е познато дали владата во Кабул ќе се согласи со тоа.

Пред потпишувањето на договорот, САД и авганистанската влада во саботата објавија заедничко соопштение, според кое Вашингтон и НАТО ќе ги повлечат сите сили од Авганистан под услов талибаните да ги исполнат своите обврски. САД прво ќе ги намалат бројот на своите војници во земјата на 8.600 во текот на 135 дена предвидени со договорот.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека договорот со талибаните е „вистински тест“ за обидите да се постигне долготраен мир во Авганистан, а дека изминатата седмица со редукцијата на насиствата се покажало дека екстремистите може да бидат мирољубиви.

„Уште сме на почетокот… Значајното намалување на насилството ќе создаде услови за мир, а изостанувањето на тоа – услови за неупсех“, изјави Помпео во Доха во пресрет на потпишувањето на договорот.

Иако со договорот се предвидува постепено повлекување на странските сили, многумина очекуваат дека многу покомликувани ќе бидат преговорите меѓу талибаните и Авганистанците.

Договорот во Доха го потпишаа специјалниот американски претставник за Авганистан, Залмаји Кализад и политичкиот шеф на талибаните, Абдул Гани Барадар. Присутен и американскиот државен секретар Мајк Помпео, додека министерот за одбрана на САД, Марк Еспер е во Кабул во посета за која аналитичарите и функционери тврдат дека има цел да го увери авганистанските валсти за продолжување на американската доследност во односите со оваа земја. Еспер во Авганистан рече дека САД нема да се двоумат за поништување на договор, доколку талибаните не ги одржат своите ветувања, но истакна дека постои „значитечен напредок“ кон завршување на најдолгата американска војна во историјата.

Истовремено Европската унија го поздрави американско-талибанскиот договор и заедничкото соопштение на САД и Авганистан како „важни први чекори“ кон трајно решение на судирот. „Ова можност за исчекор не смее да бида испуштена“, порача во соопштение шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поддржа договорот и заедничкото соопштение во саботата порачувајќи дека „Патот до мирот е долг и тежиок и мораме да биде подготвени на проблеми…. НАТО го поддржува овој мировен договор“. Додаде дека НАТО е подготвен за намалување на своите сили во Авганситан, но доколку се влоши ситуацијата би можело да биде повторно вратена нивната бројност.

Неколку часа пред потпишувањето на договоротм, талибаните им наредија на своите борци во Авганистан да се воздржат од секаков напад „поради доброто на нацијат“.

За милиони Авганистанци договорот претставува некаква надеж за завршување на речиси дводецениското крвпоролевање. Но изгледите за мир остануваат неизвесни, имајќи предвид дека следниот чекор е постигнување договор со авганистанската влада.

Високи авганистански функционери и земјите во соседството на Авганистан се загрижени дека САД би можеле да го напуштат Кабул, исто како што го изневериле регионот откако своевремено Советскиот сојуз се повлече од Авганистан.

Договорот доаѓа во моментот кога постизборната политичка состојба во авганистан е кревка, поради оспорувањето на изборните резултати.

Војната во којашто загинаа десетиции илјади луѓе започна како САД започнаа инвазија на Авганистан само неколку дека по терористичките напади во Њујорк и Вашингтон на 11-ти септември 2001 година. Вашинтон ги обвини талибаните, кои ги вооруќуваше во времето на советската инвазија, дека ѝ даваат засолниште на терористичката мрежа Ал Каеда и на нејзиниот тогашен водач Осама бин Ладен, и ја водеа коалицијата која ја собори нивната влада. Но талибаните и натаму се моќна сила и моментално целосно контролираат околу 40 отсто од авганистанската територија, а од минатата година изведуваа и голему напади во главниот град Кабул.