Во Кина бројот новозаразени од коронавирусот од ден претходно, во Кореја 3.150 заразени

Во континентална Кина во петокот се потврдени нови 427 лица заразени од новиот тип коронавирус Covid-19, што е повеќе отколку ден претходно кога ги имаше 327, соопштија во саботата кинеските здравствени власти.

Вкупониот број заразени во континентална Кина досега достигна 79.251 лице. Во петокот како последица од зразата со коронавирусот починале 47 лица, така што досега во овој дел од светот се регистрирани 2.835 смртни исходи.

Централната кинеска провинција Хубеи, која е епицентарот на заразата, извести за 45 нови смртни случаи, од кот само во главниот град на покраината Вухан имало 37 нови смртни случаи. Повторно во петокот највисок број новозаразени е забележан во Хубеи, со 423 нови случаи, од кои само во Вухан имало 420

Кога ќе се изземат податоците од Хубеи како најтешко погодена покраина, на подрачјето на цела Кина забележани9 се само 4 нови случаи на заразата во петокот, што е најниската бројка откако кинеските здравствени власти започнаа да ги бележат податоците.

Во Јужна Кореја, пак, во саботата утрото биле регистрирани 219 нови случаи од зараза со коронаворусот, со што бројот на заболените во земјата се искачи на 3.150, а починал 17-от заразен, соопшти Центарот за контрола и превенција на болестите  (KCDC).

Претходно Јужна Кореја ги подигна нивото на епидемиолошка опасноста на највисоко ниво. На населението му се советува да не го напуштаат своите домови во следните неколку дена.

Според KCDC, од бројот новозаразени 181 случај е во градот Тегу, 10 во покраината Кенсан-Пукто, а другите се во сите провинции во земјата. Починале 17 лица, закрепнале од болеста две лица, но поради „повторното заразување“ на една пациентка, бројката отпуштени од болниците изнесува 28 луѓе. Се обрабитуваат наодите од уште 35.182 луѓе.

Така, од 16 часот минатиот ден вкупниот број заразени лица порасна за  813 лица, што е рекордно високо ниво за едно деноноќие. Веќе 1.557 случаи на инфекција се поврзани со сектата Синхонџи.

Вкупниот број на заразени во Сеул достигна 77, во Даегу – 2.236 лица, од кои најмалку 1.356 се поврзани со Синхонџи, 488 лица биле заразени во провинцијата Кеснон-Пункто, 82 во провинцијата Гионги-до, во Бусан – 80 случаи.