Јанушев: Ако Заев е дилемата, тогаш 12 април е одговорот

Толку се очајни што ги вклучија слугите да му помагаат на Заев. Демек, така ќе направеле некаков “смут”, а народот немало тоа да го примети.

А, колку се нервозни се гледа и во тоа што секојдневно пуштаат мегафони да трубат стари песни. Целта им е се, ама буквално се да извалкаат само за да се спасат себе си, а всушност таквите ликови Заев ги пушта низ вода за да му ги бранат криминалите. Ако не веруваат нека си го видат примерот со Катица, како од “хероина” на Заев стана срам за правниот систем.

И да, денес е прочка, како христијанин не ми е тешко да побарам простување, затоа што тоа е човечка вредност.

Но, истовремено знам и дека народот може да молчи, но нема да им прости на криминалците на власт.

Ако Заев е дилемата, тогаш 12 април е одговорот! Обновата доаѓа! Напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.