
Неколку семејства со мали деца поднесоа во неделата пред Уставниот суд на Германија барање за проверка на уставноста на Законот за задолжително вакцинирање против сипаници, кој денеска стапи на сила.
Поденсувачите на барањето, а станува збор за четири семејства од разни германски сојузни покраини, заклучувајќи дека со новиот закон за задолжително вакцинирање против сипаници сите деца при уписите во детски градинки и училишта, е повредено уставното право на родителите на слободен избор за воспитување на децаа, правото на рамноправноста на сите граѓани, како и уставното право на децата на телесен интегритет.
Во подготовка се и тужби од уште неколку семејства, како и од лекари кои во новиот закон гледаат мешање на државата во односот меѓу лекарот и пациентот.
Родителите ги поддржува Иницијативата за слободен избор на вакцинирање, која се бори за зачувување на досегашните прописи со кои на родителите само им се препорачува вакцинирањето на нивните деца.
Германската влада одлучи да воведе обврска за вакцинирање поради растот на бројот на заболените од сипаници во училиштата. Минатата 2019 година имаше потврдено повеќе од 500 зарази со сипаници.
Родителите коишто нема да ја исполната обврска за вакцинирање, ќе мора да платат парични глоби и до 2.500 евра. На обврската за вакцинирање подлежи и персоналот во училиштата и градинките.