
Двајца лекари се ставени под здравствен надзор, а во текот на денот ќе се знаат резултати од тестирањето на коронавирус, изјави министерот за здравство, Венко Филипче денеска во Владата.
– Преку СЗО вчера не известија дека двајца наши лекари биле на конгрес во Мадрид, а вчера еден од предавачите заболел од коронавирусот. Докторите стасале касно во земјата, во сабота вечер и дома се, не биле на работа и немале контакт голема бројка на луѓе. Тие се денеска тестирани на Инфективната клиника, и ќе им се препише здравствен надзор од 14 дена. Со тој предавач тие немале контакти или со друг заболен со симптоми, а мала е и изложеноста од ден и половина, па мал е и ризикот да бидат заразени или преносители на вирсуот – нагласи Филипче.