
Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како општествено одговорна компанија која во континуитет дава придонес за подобрување на општествениот развој и се залага за унапредување на образованието во Македонија, донираше компјутери и комјутерска опрема во две основни училишта со настава на турски јазик „Мустафа Кемал Ататурк“ и „Али Фетхи Окјар“.
Ни претставува чест и задоволство што со оваа наша донација продонесуваме кон подобрување на наставната програма, онаму каде што е најпотребно. Во трите подрачни училишта на ОУ „Мустафа Кемал Ататурк“ учениците досега немале ниту еден компјутер, благодарение на донациајта од „Аџибадем Систина“ учениците во ова училиште отсега на располагање ќе имаат 34 компјутери со што значително ќе се подобри квалитетот на наставата.
„Упатувам голема благодарност до болницата „Аџибадем Систина“ за донацијата на кампјутери кои и тоа како се добредојдени за подобрување на информатичката технологија во нашето училиште. Првенствено учениците но и наставниците ќе имаат подобра методологија за реализирање на воспитно-образовниот процес. Во трите подрачни училишта кои ги имаме до сега, за жал, немаше ниту еден компјутер и оваа донација ќе биде големо олеснување како за самите ученици, така и за наставниците. Дел од комјутерите ќе бидат распределени во подрачните училишта, а дел во централното основно училишта во Долно Количани, општина Сруденичани“, рече директорот на училиштето Сабри Имер.
Огромна благодарност за донацијата упати и директорот на општинското основно училиште „Али Фетхи Окјар“ во село Дебриште, општина Долнени.
„Донацијата од „Аџибадем Систина“ ќе значи многу за нашето училиште и за квалитетот на наставата која што во нашето училиште се изведува на македонски, турски и албански јазик. Ние располагаме со околу стотина комјутери, но со оваа донација дополнително ќе им овозможиме на наставниците да ја збогатат и унапредат наставната програма“, посочи директорот на училиштето Исмет Мемедовски.
Со цел да придонесе во општествениот развој и што поквалитетен живот за сите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе продолжи со вакви донации и во иднина.