
Најмалку 22 лица погинаа во торнадото што го погоди градот Нешвил и државата Тенеси, во САД, а 50.000 домаќинства и компании останаа без електрична енергија.
Од невремето се повредени повеќе лица, а нивните домови се оштетени, јавија британските медиуми.
И аеродромот, што се наоѓа во непосредна близина на Нешвил, претрпел значителни штети, а оштетени се и неколку хангари.
Најмалку два станбени блока останале без прозорци, додека парчиња метал и дрвја се расфлани по улиците на градот, јави Си-Ен-Ен.
Националната метеоролошка служба соопшти дека осум торнада ги погодија сојузните држави Мусири, Тенеси и Кентаки.