
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во средата во Загреб дека Алијансата проценува како да ѝ помогне на Турција, чиишто единици на северот од Сирија се судираат со војската на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад чиј сојузник е Русија.
Како значајна членка на НАТО, Турција очекува помош од сојузниците во време кога се интензивираат судирите во сириската покраина Идлиб, на неколку километри од турската граница во која Анкара со своја војска ги поддржува бунтовниците против сириската армија зад која стои Москва.
Столтенберг изјави дека во Турција веќе се распоредени притивракетните системи „Patriot“ од Шпанија, дека разузнавачките авиони „AWACS“ патролираат на небото и оти бродовите на НАТО засилено впловуваат во турските пристаништа.
„Постојано ја проценуваме ситуацијата и ѝ даваме поддршка на Турција. Турција граничи со Ирак и со Сирија и ниедна сојузничка не истрпи повеќе и не е зафатена со толкаво насилство како оваа земја“, додаде Столтенберг.
Генералниот секретар на НАТО во Загреб учествува на состанокот на европските министри за одбрана за ситуацијата во Сирија и онаа на грчко-турската граница со бегалската криза. Смета дека овие предизвици се толку големи, што ниедна институција не може самата да се носи со нив,
„Потребно ни е заедничко репение за заедничките предизвици во Сирија“, заклучи Столтенберг.