Остар скок на бројот на починатите од коронавирусот во Италија, надмина 100 жртви

ANSA/ CIRO FUSCO

Бројот на починатите како последица од заразата со новиот сој коронавирус Covid-19 во Италија се зголеми од 79 на 107 лица, а бројот на инфекциите се заголемил над три илјади, објавија во средата од службата за цивилна заштита.

Во Италија има 2.706 пациенти со потврдено присуство што е зголемување за 443 лица повечќе од вчера, додека бројот на починатите се зголемил за 28, на 107 луѓе, објави шефот на службата за цивилна заштита, Анџело Борели.

Шефот на Агенцијата за цивилна заштита, Анџело Борели, додаде дека вкупниот број на инфекции, вклучително и оздравените и леталните исходи, достигнал 3.089 луѓе.

Италијанската влада претходно донесе одлука да ги затвори училиштата во периодот од 5-ти до 15-ти март, соопшти министерката за образование, Лучија Андзолина. Додаде дека, исто така, се затвораат и кино-салите и театрите, се забрануваат јавните собири во целата земја.

„Ова не е лесна одлука за владата, но откако ги ислушавме мислењата на членовите на техничките и медицинските комисии, решивме да ги прекинеме образовните активности од утрешниот ден до 15-ти март“, изјави министерката