„Тетекс“ е жртва на вештачкото зголемување на минималната плата

Говорејќи за вештачкото зголемување на минималната плата, во емисијата „Топ Тема“, професорот Трајко Славески истакна дека ваквите мерки на владата на СДСМ ќе остават илјадници граѓани без работа.

Како за пример, тој го зема некогашниоте текстителн гигант „Тетекс“ кој прогласи стечај пред неколку недели.

-Просечната плата во текстилната индустрија каде што работат неколку десетици илјади вработени изнесува 15.400 денари. И сега внимавајте, каков апсурд е минималната плата на ниво на цела економија вклучително и текстилната индустрија, ќе ги натерате да ја покачат на 16.000. Како може минималната плата да биде поголема од просечната плата? На тие апсурди ние укажуваме. Тоа е оној проблем кој се создава, се затвараат погони. Видовме што се случи со текстилниот дел од „Тетекс“, фабрики низ Источна Македонија, оние кои работат во дејности кои создаваат мала додадена вредност. Притисокот за платите надвор од она што е продуктивноста, може да остави без работа и ќе остави без работа голем број вработени, вели Славески.