
Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Еден Азар е опериран во Далас, а Реал Мадрид ќе мора без него до крај на сезоната во Примера.
Хируршката интервенција кај белгискиот репрезентативец беше на десниот зглоб на ногата и првичните прогнози на лекарите се дека ќе отсуствува два и пол до три месеци од терените.
Тоа значи крај на клупската сезона за Азар, а неизвесен е настапот и на Европското првенство. Белгиецот оваа сезона одигра 15 натпревари за „кралскиот клуб“ во сите натпреварувања, во кои постигна еден гол и направи пет асистенции.