Сингапурец и Австралиец во Скопје се тестираат за коронавирус

Двајца гости во хотел во центарот на Скопје моментално се тестираат за евентуална инфекција од коронавирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Како што кажа тој, едниот од двајцата е жител на Австралија, а другиот е од Сингапур. И двајцата допатувале во земјава на 28 февруари, со лет преку Келн, Германија, а изминатите неколку дена пројавиле симптоми на настинка.

Министерот информираше дека моментално со нив разговараат епидемиолози и пациентите се во своите соби.

Резултатите од испитувањето Филипче ги најави за неколку часа.