
Денеска во 08.50 часот на регионалниот пат Струмица- Радовиш, кај клучка Радовиш, полициски службеници запреле товарно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(43) од Скопје.
При преглед на возилото, во товарниот дел биле пронајдени 43 лица- мигранти.
Д.Ѓ. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.