
Датумот за отпочнување на преговори со ЕУ може да влијае врз изборите, но ни приближно толку, колку што СДСМ посакува, рече Арсим Зеколи во емисијата „Само интервју“.
-Тоа беше многу несреќна и бесмислена изјава, бидејќи тоа е нож со две оштрици. Ако недавањето датум е против Владата, тогаш од неговата логика испаѓа дека поддршката е смислена за да се даде поддршка на СДСМ. Не. Тоа е закажан термин во тој период и верувам дека сега ќе се даде некоја позитивна назнака од страна на ЕУ, но дали тоа се смета како завршен чин? Не, појасни Зеколи.
Зеколи додаде дека пристапот на СДСМ и на ДУИ на форсирање и на пумпање на темата на ЕУ и НАТО е потрошена приказна кај граѓаните.