Тачи: Анкетите покажуваат дека ВМРО ДПМНЕ стои пред СДСМ

Претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, поканет во емисијата „Пресинг“ на косовската телевизија Т7, во врска со последните политички движења во земјата, рече дека СДСМ е принудена да коалицира со албанските политички партии затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу подобра на анкетите.

Јас комуницирам со луѓе за кои велат дека гласале за СДСМ, зошто велат дека ДУИ ги уништила. Но, сега економијата е уништена. Јас сум за коалиција меѓу Македонците и Албанците, но не во оваа форма. Ова коалиција е затоа што според анкетите, СДСМ стои под ВМРО ДПМНЕ, рече Тачи.