Две вооружени лица ограбиле бензинска пумпа во Скопје.
-Вчера во 23:00 часот во Полициската станица Чаир било пријавено дека на бензинска пумпа на ул. „Александар Урдаревски“ две лица со закана со пиштол од вработениот ја одзеле чантата со дневниот промет, а при напуштање на местото испукале еден куршум во воздух.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, информира МВР.