Италија воведува карантин за Милано, Венето и другите подрачја

(AP Photo/Luca Bruno)

Италија во „следните часови“ воведува карантин за целиот регион Ломбардија, па така и за економскиот центар на земјата Милано, како и за покраиниата Венето, северот на Емилија Ромања и истокот на Пиемонт, пишуваат со саботата на италијанските медиуми.

Влегувањата и излегувањата од овие области ќе бидат строго ограничени во текот на траењето на карантинот кој останува на сила до 3-ти април, се наведува во предлогот од владината уредба која ја пренесуваат медимите, меѓу кои и водечките како службената новинска агенција ANSA, и дневните весници Corriere della Sera и La Repubblica.

Сите музеи, сало за вежбање, културни установи, како музеи, кина и театри, скијачки терени и базени, ќе бидат затворени, пишува во нацрт уредбата кој владата би требало да ја донесе ноќта кон неделата, од кога ќе стапи и на сила.

Досега во карантин беа само ограничени области на северот од Италија, познати како „црвени зони“.

Покрај тоа, ќе бидат прекинати и годишните одмоти за сите здравствени работници, ќе бидат откажани венчавките, погребите и спортските настани, а ќе биде воведено и работење од дома каде што тоа е можно, пишува уште во нацрт уредбата.