
Италија во саботата донесе одлука да вработи 20.000 медицински работници во болниците за да ја сузбие епидемијата на коронавирусот, во која се заразени речиси шест илјади луѓе, со што најтешко погодена земја во Европа.
Одлуката е донесена на владина седница и треба да овозможи зголемување на бројот на кревети на одделите за интензивна нега од 5.000 на 7.500, што претставува зголемување за 50 отсто и ќе го удвои бројот на местата на одделите за белодробни и заразни болести.
Во најтешко погодениот регион Ломбардија, со 3.240 заразени, состојбата во болниците на напната, призна во саботата вечерта шефот на цивилната заштите Анџело Борелио. „Очекуваме дека од нас ќе се бара транспорт на пациените на одделите за интензивна нега во другите региони“, додаде.
Меѓу 20.000 медицински работници, се предвидуваат 5.000 лекари специјалисти, 10.000 медицински сестри и 5.000 болничари. Владината одлука вклучува можноста за вработување и на пензионирани лекари.
За оваа мерка ќе бидат потребни милијарда евра од 7,5 милијарди евра кои владата во четвртокот ги одобри по итна постапка за справување со вирусот. Европската комисија на состанокот во Рим истакна дека тие вонредни расходи нема да се сметаат при процената на дефицитот на земјата.
Со одлуката се предвудува и можност за реквизиција на хотели поради сместување на луѓе во карантин, како и помош и финансиски средства во износ од 50 милиони евра за компаниите кои произведуваат заштитни маски и други производи за сузбивање на епидемијата.
Покрај здравствениот сектор, владата донесе уредба и за правосудството: до 31-ви мај судовите ќе може да одржуваат расправи затворени за јавноста. Покрај, тоа, се пропорачува и примена на видеоконференциски врски и сведочења.
Италија со 233 починати е на второто место зад Кина според бројот на смртните исходи и третата според бројот на заболени, зад Кина и Јужна Кореја.
Поради ваквите податоци странските туристи главно побегнаа од земјата.
„Состојбата во Рим е навистина катастрофална, мислам дека медиумите претераа“ со известувањата за епидемијара, вели за AFP TV младата туристичка водичка во близина на Колосеумот, Франческа Спосито. Италијанската престолнина, инаку преполна со туристи, деновиве е стравично пуста.
„Гледаме дека нема никој ни во една туристичка знаменитост во градот“, поттвирдил Пјерик, 67-годишен француски пензионер.