
Денеска е 8 Март кој се одбележува како ден на борбата за економска, политичка и социјална рамноправност на жените со мажите. Но за жал, насекаде во светот и во нашата земја, тие сѐ уште се соочуваат со негирање на нивните права, со дискриминација и со насилство. Мал е бројот на жени на раководни функции, тие не се правично застапени во структурите за донесување одлуки, а и помалку се платени од мажите за иста работна задача.
Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со имињата на Клара Цеткин и Роза Луксенбург.
Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија.
На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.
Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.
На овој ден традиционално и се подарува цвеќе на жените.