Кандидатските листи на СДСМ ќе ги предводат двајца носители – маж и жена

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска на заедничка прес-конференција со заменик-претседателка Радмила Шекеринска откри дека двајацата ќе бидат носители на изборни единици.

„Се координираме со коалиционите партнери. Секако дека ќе имаме жени носители на единици, еве можам да кажам дека јас и Радмила Шекеринска ќе бидеме носители на изборни единици“, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Двајцата кажаа дека во секоја изборна единица ќе има по двајца носители на листи – маж и жена.

Шекеринска посочи дека за првпат донеле политички договор дека во секоја изборна единица ќе настапуваат како тандем, односно како комбинација на маж кандидат и жена кандидат, или жена кандидат и маж кандидат.

„Сакаме не само визуелно туку политички да ја испратиме пораката – потребни се сите“, рече Шекеринска.