Државата не ја бива, граѓаните сами преземаат мерки за заштита од коронавирусот (ФОТО)

По случајот со несовесната лекарка (воедно и директорка на Клиниката за кожни болести) која заразена со коронавирус одела пет дена на работа и го загрозила здравјето на пациентите и вработените, но и на колегите со кои била на симпозиум во Скопје, се вклучи алармот за сериозен ризик по јавното здравје и ширење на вирусот во Македонија. Иронично, наместо лекарите да ја спречат заразата, кај нас, ја шират.

За жал, поради хаосот што се случува во моментот и големата опасност од ширење на заразата, граѓаните исплашени самите се обидуваат да го заштитат јавното здравје, кога веќе немаат доверба во надлежните.
Во влез на зграда во Скопје, има соопштение со кое се информираат станарите дека новозаразениот од коронавирус е од соседната зграда, но и дека зградата е дезинфицирана.

Овој хаос што се случува кој заради несерионоста на лекарката Нина Цаца Биљановска е затворена Клиниката за кожни болести, деведесет лица се ставени во изолација, а воедно е затворено и штипското одделение бидејќи сите доктори присуствувале на симпозиумот на кој била и заразената лекарка, несомнено бара одговорнст. И не само одговорност од лекарката, туку и од министерот кој очигледно не се справува добро со новонастанатата ситуација.

Се поставува прашањето како лекарката влегла во земјава, при најавени мерки за заштита кои се преземаат на граничните премини и на аеродромите. Дали треба да се остави само на совеста на патниците да пријават симптоми на заразата, или треба да се прави проверка на здравствената состојба на сите што влегуваат во Македонија?  И Зошто сите кои доаѓаат од критичните зони, како северниот дел од Италија, не се стават превентивно во карантин?

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска изјави дека за дополнителни мерки ќе се разговара утре на Комисија за заразни болести.

„Никаде не се забранети патувањата, само во т.н. црвени зони. Ние од стартот излеговме со мерка дека требатој којшто патувал во некои од ризичните зони да остане дома 14 дена. Таа мерка на автоизолација и карантин беше уште од самиот почеток. Тоа се мерките со кои се штити јавното здравје. Мора да бидеме свесни дека е ова сериозна работа и дека непочитување на мерките е сериозен ризик по јавното здравје и секој мора да преземе одговорност за своите постапки“, кажа Филипче.

Иако министерот се обиде да ја намали својата одговрност со тоа дека навремено издал мерки за заштита и дека не може да им забрани на луѓето влез и излез од земјава, како и дека секој може да патува слободно, не може да го демантира фактот дека актуелната заштита против коронавирусот не функционира.

Лекарката слободно се шетала две недели, а притоа скенерите за коронавирусот при влезот во земјава не ја регистрирале.

Во медиумите се шпекулира и тоа дека Филипче за случајов знаел уште од вторникот, но, директорката сепак непречено се движела.

Таа инаку две недели била надвор од Македонија, а откако се вратила на работното место била во допир со пациенти, држела семинари на дерматолози, а за сето тоа време таа имала коронавирус во себе. Била и на осмомартовска забава во скопска „Рагуза“.

Министерот денеска  соопшти дека се идентификуваат сите лица со кои лекарката контактирала во изминатите пет дена, било да се работи за семејство, пријатели, колеги или пациенти.