7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

И директорката на кумановската болница била во критичните делови од Италија?!

Откако во медиумите беше објавена веста дека директорката на Клиниката за кожни болести заразена со корона вирус пет дена одела на работа, во јавноста беше споделена и вест дека и директорката на кумановската Општа болница била на патување во Италија но не се придржувала до препораката за самоизолација.

„Доколку е точно дека директорката на кумановската Општа Болница била на патување во Италија, а НЕ се придржувала до препораката за 14-дневна самоизолација и денес била на работа, БАРАМ ИТНО Министерот за здравство истата да ја разреши!, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Бране Петрушевски.

Тој порача дека ваква општествена неодговорност не смее да помине без санкции!