
Состојбите во македонската Влада се рефлектираат во македонското здравство каде по првата докторка болна од коронавирус владее вистински хаос, вели Александар Пандов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Пандов вели докторката бoлнa од коронавирусот треба да понесе одговорност не само со нејзино разрешување туку и кpивично да одговара.
-Ова што мене ме запрепасти што и преку коронавирусот гледаме каков е односот на институциите, односно државата кон граѓаните. Како функционира Владата така фунцкионира и министерството за здравство и денесе директорка на Клиника која што е назначена од министерот Венко Филипче била во Италија се вратила, жената не пријавила и сите ја знаеме денес, претпоставувам не постои човек денес кој не ја знае приказната околуу докторката Цаца, приказна која не е срамна, опасна туку едноставно скандалозна. Еве не треба Филипче да ја казни само со разрешување туку за ширење на ваква болест која што е со смртни последици, таа треба и кривично да одговара, вели Пандов.
Штетата која таа ја има направено ќе има големи последици, поради нејзи нема да функционира цела една клиника, клиниката за дерматологија истакна Пандов