
Седум лица во централната иранска провинција Алборз починале по консумирање на метил акохол, кој погрешно го користеле како лека за болести предизвикани од новиот сој коронавирус, соопшти во понеделникот портпаролот на покраинското обвинителство, Мохамад Агајари.
„Седум лица починаа во провинцијата по користење алкохол. Овие луѓе, врз основа на информации од интернет, консумирале метил алкохол, верувајќи дека тоа ќе им помогне против коронавирусот“, го цитира Ајагар аганцијата ISNA.
Иранските власти последните седмици го интензивираа производството на метил алкохол дезинфекција на површините поради силната епидемија на новиот сој коронавирус која ја погоди земјата. Притоа метанолот го има во слободна продажба во аптеките во земјата, а според иранските прописи е обоен во портокалова боја за да може да се разликува од течносите кои може да се пијат.
Иранското министерство за здравство на 19-ти февруари соопштио за првите потврдени случи на зараза со коронавирусот во земјата, во светиот шиитски град Ком. Според најновите официјални податоци, бројот на заразени лица во Иран изнесува, 6.566, со најмалку 194 смртни случаи.