Суданскиот премиер преживеа атентат во Картум

Суданскиот премиер Абдaла Хамдојк преживеа обид за убиство во текот на нападот врз неговиот конвој во главниот град Картум, пренесе државната телевизија во понеделникот.

Хамдок, кој беше именуван на чело на преодната влада по соборувањето на долгогодишниот претседател Омар ал-Башир минатата година, е преместен на безбедна локација, се додава во извештајот на државната телевизија.

Снимките објавени на телевизиските канали покажуваат конвој, вклучително и неколку оштетени бели теренци и тешко оштетена лимузина.

Тројца сведоци за агенцијата Reuters изјавиле дека нападот се случил покрај северниот влез на мостот Кобер, кој го поврзува северот на Картум со центарот на суданската престолнина, каде што се наоѓа канцеларијата на Хамдок.

Се чини дека конвојот бил нападнат од воздух, додале очевидците.

Телевизијата Sky News Arabia, пак, јавува дека полесно бил повреден еден припадник од обезбедувањето на премиерот, а оти незначително биле оштетени двата автомобила во конвојот на Хамдук.

Абдала Хамдук ја предводи суданската влада од крајот на август минатата 2019 година, неколку месеци по воениот преврат со кој од власт беше соборен претседателот Омар ал-Башир, кој управуваше со судан 30 години.

По падот на Башар, суданските власти соопштија дека спречиле неколку обиди за пул од страна на армиски офицери.

Обидот за атентат е „нова епизода во низата заговори за пуч против револуцијата“, коментира Калид Омер, лидер на цивилната коалиција која го водеше монатогодишниот бунт против Башар.