
Поголем дел од реките во државата имаат поголем водостој од мартовскиот просек. Исклучок се Црна Река, Црн Дрим и реката Струмица.
Најновите хидролошки мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека речиси двојно е зголемено нивото на реките Треска и Сатеска од мартовскиот просек.
Зголемување на водостојот во однос на денешните мерења се очекува кај реката Струмица и Црна Река.
Кај езерата под „нула кота“ се Преспанското и Охридското Езеро.