17.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Докажа Даниел Крејг зошто е идеален за улогата на Џејмс Бонд

Даниел Крејг (52) го објави своето последно интервју како Џејмс Бонд за британскиот магазин GQ, каде на големо задоволство на многу фанови, тој сними и „жешка“ насловна страница на која се појави без маица.

Згодниот британски актер ја играше улогата на најпознатиот таен агент по петти пат во филмот No Time To Die, чија премиера се одложи поради глобалната епидемија на коронавирус до ноември годинава.

– После „Спектарот“ (од 2015 година), се заколнав дека повеќе нема да правам филмови за Бонд … се прашував дали вреди повторно да се помине низ сето тоа … Искрено, ниту физички не се чувствував добро, – рече Крејг.

И, иако ја игра главната улога во франшизата, претходно не го добил сценариото, па му било исклучително тешко да се подготви за еден од најтешките проекти.

“Бев вознемирен и загрижен за сè. Тоа е голем притисок …Молчев сите овие години, но денес ми е жал што не зборував за сè кога требаше”, рече искрено Даниел, според Дејли Меил.

Во интервју за GQ, тој се осврнал и на неговиот приватен живот – актерот од 2011 е во брак со неговата колешка Рејчел Вајс (50), со која има едногодишна ќерка, а во искрениот разговор, тој откри и дека не ја исклучува можноста да има второ дете.

„Има многу убави работи во животот“, заклучи Даниел Крејг.