
Во Србија во средата се потврдени нови шест случаи на зараза со новиот тип коронавирус, со што вкупниот број инфицирани се искачи на 18 лица, објави во средата вечерта српското министерство за здравство во редовниот извештај.
Националната референтна лабораторијa „Торлак“ досега тестиралa вкупно 151 лице. Во извештајот до 18 часот се наведува дека во тек се тестирањата на уште 21 лице, а до 20 часот беше потврдено дека шест од нив биле позитивини. Меѓу новотестираните 15 биле неготивни, објавено е на посебната интернет страница covid19.rs, која поради епидемијата ја отвори српското министерство за здравство.
Првиот случај на инфекција со коронавирусот во Србија беше потврден во петокот на 6-ти март, ка лице кое пријавило дека патувало во Италија и во Будимпешта.
Белградските медиуми објавија вечерва неофицијални информации дека во Нови Пазар, на југот од земјата, во тек е тестирањето на 12 патници кои биле во автобус со еден Италијанец, наводно бегалец од карантин во Хрватска. Постојат соменавања, според непотврдените официјално сознанија, дека државјанинот на Италија, заразен со коронавирус, побегнал од карантин од Хрватска во Црна Гора и со автобус на линијата од Котор до Белград се обидел да влезе во Србија, но бил вратен од границата.
Согласно со пропишаните мерки, државјанинот на Италија не е пуштен да влезе во Србија, а на другите патници од автобусот им е пропишана изолација во домашен надзор. Автобусот, според медиумите, е префрлен во Белград каде што ќе биде превентивно дезинфициран.
Српската влада претходно во средата ги забрани јавните собири на затворен простор со повеќе од 100 лица и апелираше до држајаните на Србија кои од странство планираат да се вратат во земјата за Велигденските празници да ги одложат патувањата по поповолна епидемиолошка ситуација.
Владата, исто така, воведе привремена забрана за влез за сите патниците кои доаѓаат од земјите и подрачјата загрозени од заразата, како Италија, Кина, Иран, Јужна Кореја и делови од Швајцари.