
Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, и носител на изборната единица три, гостуваше во емисијата „Топ Тема“ каде што посочи дека ќе одговараат сите од СДСМ за сторениот криминал.
„Престанете да лажете. Престанете да манипулирате и ќе одговарате еден ден за ова. Ќе одговарате за се што имате направено и вие и Заев за се што имате направено. Испеана плоча сте и заминувате во историјата, прифатете го тоа. Ова ви е борба само за опстанок и сте свесни колку ќе изгубите не само во тројка туку во цела Република Македонија“, нагласи Јанушев на Љупчо Николовски кој што е генерален секретар на СДСМ.
Јанушев додаде дека неспособноста е главна карактеристика на СДСМ. Власта на СДСМ Јанушев ја окарактеризира како демагози кои што три години немаат направено ништо.