Кина го отстрани извештајот за врската на коронавирусот со неплодноста кај мажите

Властите на централната кинеска провинција Хубеи, од крајот на декември жариштето на пандемијата на новиот сој короанвирус Covid-19, го отстранија во четвртокот извештајот според кој новиот вирус теоретски може да влијае негативно врз репродуктивниот систем кај мажите.

Претходно во четвртокот на веб-страницата на регионалната влада на Хубеи беше објавен извештај, составен од тимот експерти од Центарот за репродуктивна медицина во болницата Тунџи во покраинскиот административен центар Вухан.

Во документот, стручњаците предупредуваат дека, и покрај фактот што во моментов нема докази дека инфекцијата може да наштети на машкиот репродуктивен тракт, тое е теоретски можно, бидејќи Covid-19 е генетски сличен на коронавирусот кој ја предизвикава атипичната пневмонија SARS. Инфекцијата може да доведе до нарушување на имунолошката хомеостаза кај машките полови жлезди, што, пак, од своја страна може да го намали бројот на сперматозоидите и да доводе до можна неплодност.

Поради тоа, во споменатиот извештај лекарите им препорачуваат на мажите инфицирани со коронавирусот, особено на оние кои планираат да имаат деца, по закрепнувањето од болеста да ги минат неопходните прегледи.

Во моментов при пребарување на страницата врската до документот сѐ уште е објавен, но при обид да се отвори содржината се појавува пораката за гречака, дека страницата е избришана.