ВМРО-ДПМНЕ: Македонија мора да расчисти со транзициските политичари Заев и Шекеринска

Власта на Заев е неспособна и криминална. Зоран Заев е виновен зошто Македонија 3 години се движи во погрешна насока. Неспособноста на Заев и неговата криминална власт 3 години не турка кон дното и на македонскиот народ му донесе само неправди и порази. Граѓаните живеат во апатија токму поради оваа неспособност и криминал, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев му ветуваше на народот брда и долини, а донесе само порази и разочарувања. Ветувањата за 500 евра плата и за 500 километри автопат беа лага. Наместо работа од бандата на Заев видовме само криминал и корупција. Наместо проекти видовме неспособност. Парите  наместо да се вратат кај граѓаните завршија во куферчиња Луј Витон и во рацете на политичари, обвинители и судии, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека експериментот наречен Заев доживеа тотално фијаско и заврши.

-На граѓаните им е јасно дека може многу подобро од ова пеколно секојдневие кое го живееме. На граѓаните им е јасно дека овој човек повеќе нема што да и понуди на Македонија и дека е време да одговара пред законите за сите злодела. Македонија мора да расчисти со транзициските политичари, со тандемот на транзицијата Заев – Шекеринска. Македонскиот народ е свесен дека борбата за слободата и правдата никогаш не запира. Секоја генерација има своја битка, а нашата е битка за обнова на Македонија, се заклучува во партиското соопштение.