
Лидерската средба беше продуктивна за институциите со цел надминување на коронавирусот, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев, веднаш по завршувањето на состанокот во Владата.
– Добро е тоа што сите сме на иста маса кога се работи за здравјето на граѓаните. Во таа насока се движат и новите мерки кои беа денеска соопштени. На сила стапија и мерките за градинките и образовните институции – рече Заев.
Тој истакна дека неговата партија бара алтернативни решенија за да ги замени големите митинзи во предизборјето.
– Преку интернет порталите, преку Фејсбук и преку лајв-стримови. Сè друго е од секундарно значење. Во моментов најважно е здравјето на народот. Ние треба да сме пример за граѓаните за тие да можат да ја следат транспарентната постапка на Министерството за здравство за сите забелешки – истакна Заев.